Иако oд претходно беше познато, дури денес се официјализираше трансферот на Македа. Шпанскиот интернационалец од Вардар си заминува на крајот на сезоната и ќе биде нов играч на ПИК Сегед. Бекот во следните две сезони ќе ги брани боите на унгарскиот вице-шампион.
Рубоносниот Македа помина три години во црвено-црниот дрес, тој потекнува од тимот на Барселона, потоа играше за Алкобендас и Арагон, откај замина за францускиот Нант, тим од чии редови дојде во нашиот РК Вардар каде ги доживеа најголемите успеси во кариерата.
Постигнавме договор за следните две години со Хорхе Македа. Го познаваме добро, на повеќе натпревари последните две сезони ни беше противник, па не му треба посебно претставување- објавија од ПИК Сегед на официјалната веб-страница.