Две ракометарки на Вардар се најдоа на списокот на селекторот на Црна Гора, за претстојните натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство во Франција. Пер Јохансон го објави списокот од 16 ракометарки на кои ќе смета за натпреварите против Словачка на гостинки терен и дома против селекцијата на Италија.
Меѓу нив се и вардарките, Јованка Радичевиќ и Андреа Кликовац. Црна Гора се наоѓа на првото место во својата група и веќе обезбеди пласман на Европското првенство во Франција.