Во недела на теренот во населбата Ѓорче, натпревари од 23 коло во регионалната-скопска лига ќе одиграат екипите на Њу Старс и Вардар, кај генерациите родени “2003“ и “2004“ година. Мечевите се закажани во термините од 15:30 и 17:00 часот.
Многу поважен е дуелот за вардаровата генерација “2003“ која е во борба за титулата со екипата на Шкендија. Двата претходни натпревари со екипата на Њу Старс ги добивме со идентичен резултат од 4:0, по еден меч на домашен и гостински терен. После елиминацијата во купот, избраниците на “Чунга Лунга“ сите сили ќе ги насочат во одбрана на титулата во регионалната лига. До крајот на сезоната остануваат уште пет кола за одигрување.
Со триумф во Ѓорче, ибраниците на Кралевски, генерацијата родени “2004“ година можат да се промовираат во шампиони и тоа во нивната дебитанска сезона во регионалната-скопска лига. Црвено-црните имаат максимален број на освоени бодови во лигата, а веќе се пласираа и во финалето на купот, каде за противник ќе ја имаат екипата на Шкендија, тоа значи дека Вардар е блиску до освојување на двојната круна за оваа натпреварувачка сезона.