“Бомбардерот“ на Вардар, Вуко Борозан е прогласен за најдобар играч во реванш четвртфиналната рунда од Лигата на Шампионите. Тој освои најмногу гласови од фановите во анкетата за МВП. Вуко беше најдобар стрелец на црвено-црните во реваншот во Скопје и доби место во идеалниот тим, а имаше и еден од најубавите голови во оваа елиминациска руда. Вардар се пласираше на завршниот турнир во Келн, а таму за противник во полуфиналето го доби тимот на Монпелје.