Saturday ,07 June 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Со победа вечерва против Металург, РК Вардар ќе биде многу блиску до одбрана на титулата
Со победа вечерва против Металург, РК Вардар ќе биде многу блиску до одбрана на титулата

Со победа вечерва против Металург, РК Вардар ќе биде многу блиску до одбрана на титулата

Вечерва во С.Ц. Јане Сандански ќе се одигра првиот од двата натпревари кои ќе дадат новиот шампион на Македонија во супер лигата. Вардар е домаќин на екипата на Металург, во дербито на супер лигата кое ќе започне во терминот од 20:30 часот.

Стана навика на секој втор ден да гледаме натпревар на нашиот шампион. После пласманот на завршниот турнир во Келн и елиминацијата на Кил, црвено-црните сврзаа уште два натпревари и тоа сите во домашното првенство. На гостински терен ги победивме екипите на Пелистер и Пролет 62, а денес го играме дербито против Металург. За разлика од минатите сезони кога се “бркаше“ гол разлика во меѓусебните мечеви со градскиот ривал, тоа не би требало да биде случај оваа сезона во плеј-офот, со оглед дека тимот од Автокоманда веќе изгуби “планирани“ бодови на гостувањето против Еурофарм, каде во последните секунди се спаси од пораз и освои само еден бод. Така вечерва на црвено-црните им е потребен било каков триумф, за да играме релаксирано во последното коло, кое се игра токму против Металург во спортската сала во Автокоманда. Таму знаеме под каков притисок се игра, а само за потсетување минатата сезона, Металург на домашен терен не совлада со три гола разлика. па затоа Вардар мораше на реваншот да слави над оваа разлика, што им успеа со оглед дека избраниците на Гонзалез на тој дуел во Јане Сандански победија убедливо. Оваа сезона одигравме два натпревари против сините од Автокоманда и тоа во рамките на СЕХА-лигата, во истава сала славевме со резултат 31:24, додека на гостувањето исто така бевме подобри триумфирајќи со резултат 23:32.

98

Со оглед дека до до завршниот турнир во Келн остануваат уште три недели, црвено-црните можат максимално да се посветат во одбрана на домашните трофеи. Првиот веќе може да биде на дофат, доколку вечерва го победиме тимот на Металург пред своите навивачи. Исто така во претстојниов период не очекуваат и настапите во купот и тоа најпрво во рамките на четвртфиналната група. Влезот за вечерашниот меч е слободен, па очекуваме полна сала и голема поддршка за Вардар.