Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Вардар играат Ф4 во Автокоманда, кадетите гостуваат в Гостивар
Младинките на Вардар играат Ф4 во Автокоманда, кадетите гостуваат в Гостивар

Младинките на Вардар играат Ф4 во Автокоманда, кадетите гостуваат в Гостивар

Викендов младите дами од двата тима на Вардар кои играат во младинската лига ги очекува завршниот Ф4 турнир. Овој финален турнир ќе се игра во салата “Автокоманда“ во недела, 6.мај. Учесници на истиот се:  Металург, Вардар Јуниор, Вардар и тимот на Кичево.

Двете екипи на Вардар ќе се спротивстават во полуфиналето помеѓу себе, Вардар Јуниор предводен од Драгана Пецевска-Ристова влегува како второпласирана на табелата, а ЖРК Вардар е третопласиран тим кој го водат Анжела Платон и Александра Кузмановска. За жал само една од двете екипи ќе има шанси за злато поради меѓусебниот дуел. Овој натпревар ќе се игра во 10-00 часот.

Во другото полуфинале првопласираниот Металург ќе игра со екипата Кичево 10 на која заврши четврта по регуларниот дел. Натпреварот ќе се игра во 12-00 часот. Голема предност за нашите екипи е што ќе играат први па ќе имаат два часа повеќе одмор за финалето и малото финале во кое ќе земеме учество. Според распоредот дуелот за “бронза“ се игра во 17-00 часот, а големото финале во кое секако ќе има црвено-црн тим ќе се одигра со почеток во 19-00 часот.

budi5

Кога е во прашање кадетската лига настапи ги очекуваат двете екипи, машката и женската. Утре, сабота, 5.мај избраниците на Адријана Будимир, кадетите на РК Вардар ќе играат в гости кај тимот на ГРК Гостивар во истоимениот град. Овој дуел во салата Младост е закажан со почеток во 12-30 минути.
Женската кадетската екипа на Вардар Јуниор, предводена од Драгана Ристова  поради настап на Ф4 во младинската лига својот дуел ќе го игра на 8.мај, вторник. Тие се домаќини во салата “Кале“ на РК Делчево Вардар, дуелот во  ќе се игра со почеток во 17-00 часот.