Вчера ЖКК Вардар во малата сала “Кале“ го пречека ЖКК Пелистер во полуфиналето од лигата. По победата на нашите девојки Вардар е финалист во плејоф-серијата во женскиот кошаркарски шампионат и по убедлива победа над девојките од Пелистер (106-24).
Црвено-црниот тим доминираше на втората средба со која во серијата дојде до 2-0 и финале, затоа што одигра доминантен натпревар и во напад и во одбрана. Девојките на Дамјановски постигнаа 106 коша, а примија само 24 и ја поминаа полуфиналната серија од плејофот во Првата лига во женска сениорска конкуренција. Најверојатно во финалето ќе не очекува Бадел кој е фаворит во средбата со Струга 2009.