Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > “Газат“ избраниците на Томче Трајановски, нови бодови во детската лига за генерацијата “2007“ на ФК Вардар
“Газат“ избраниците на Томче Трајановски, нови бодови во детската лига за генерацијата “2007“ на ФК Вардар

“Газат“ избраниците на Томче Трајановски, нови бодови во детската лига за генерацијата “2007“ на ФК Вардар

Вардаровата генерација родени “2007“ година стигнаа до две убедливи победи во денешното коло од детската лига. Ибраниците на Томче Трајановски славеа во дуелите со екипите на Чаир и Фортуна.

3

ФК Вардар (2) генер. 2007 во мечот со ФК Чаир дојде до висока победа со резултат 9-4 (5-3). Ние тргнавме офанзивно уште по првата минута на овој натпревар со цел ран погодок. За отварање на резултатот и наша предност со 1-0 погоди Борјан Томовски. Истиот играч веднаш потоа и го удвои водството, по три корни добивме пенал кој тој умешно го реализираше за предност со 2-0. Дојде до благо олабавување во нашите редови па по една акција протиникот намали на 2-1, а по пенал изедначи и на 2-2.  Тие имаа и шанса за водство сепак одлично одбрани Јовица Спасовски на нашиот гол.

2

Потоа прилика имаше која не ја реализираше Емир Шаботиќ, во следната акција истиот играч одлично го пронајде Томовски кој погоди за 3-2 со неговиот трет погодок на дуелот. Противникот успеаа и да изедначи на 3-3 во продолжение, сепак кратко траше поволниот исход за нив. Кереман Фуад успеаа да ја врати предносат за нас и погоди за 4-3. Напаѓавме потоа за ново зголемување на водстовото, противникот често исфрлаше во корна па добивме нов пенал. Истиот умешно во гол за 5-3 го претвори Михаил Јордановски. Со овој резултат заминавме на пауза на полувреме.

1

Вториот дел почна идентично како и првиот дел со наша офанзива и со два брзи голови и овој пат истите беа дело на играчот кој го отвори натпреварот со два гола. Борјан Томовски најпрвин зголеми на 6-3, а потоа и на 7-3 со што поведовме со високи пет гола и највивме дека на овој дуел ќе дојдеме до победата. На сцена стапи Никола Јоваановски со две прилики, во првата погоди за 8-3, а во втората немаше среќа и неговиот силен удар ја затресе гредата на чаирчани. Иван Стојановиќ не успеаа да се впише во листата на стрелците откако неговиот удар го одбрани голманот по изведен пенал. Исто така и Киш Матеј немаше среќа неговиот удар заврши неколку сантиметри крај левиот директ. Противникот намали со првиот и единствен гол за нив во вториот дел, тие од пенал намалија на 8-4. До крајот имавме една убава изведена акција по која со глава од неколку метри погоди Шаботиќ Емир. Тој стрелаше за 9-4, о овој резултат ние дојдовме до победа.

4

Вардар (1) генер. “2007“  се сретна со ФК  Фортуна  во вториот дуел и дојде до победа со резултат 12-2. Ние на почетокот тргнавме офанзивно и на овој дуел  и рано го отворивме резултатот со голот на Александар Грашески за водство од 1:0. На вториот гол не се чекаше многу време кога противничката мрежа ја затресе Марко Киш за предност од 2:0. Се редеа шансите пред противничкиот гол, а следен кој се запиша во листата на стрелци беше Војо Стојановски, за зголемување на резултатот на 3:0. Следеше и прв погодок за тимот на Фортуна, кој намали на 3:1, но веднаш врати Стефан Младеновски, за предност од 4:1. До крајот на првото полувреме, противникот успева да постигне и втор гол и на одмор да се замине со резултат од 4:2.

Во второто полувреме, избраниците на Томче Трајановски до врв ја наполнија мрежата на противикот и постигнаа дури осум нови погодоци. Истиот играч кој го отвори резултатот, го постигнува и првиот гол во второто полувреме, се работи за најмладиот Александар Грашески, кој му донесе водство на Вардар од 5:2. Следните два гола на овој дуел беа за Војо Стојановски, кој стигна до хет-трик и му донесе предност на црвено-црниот тим од 7:2. Не застанавме со нападите и покрај убедливото водство бевме желни за надигрување и поголем триумф. Следи гол шоу на Стефан Младеновски, кој ги постигна следните три гола на овој меч, носејќи му високо водство на Вардар од 10:2. Уште два погодоци во противничката мрежа, беа дело на Петар Котевски за 11:2 и на Филип Кузаревски, кој ги постави конечните 12:2 на овој дуел. Мора да напоменеме дека неколку добри удари на противникот одбрани и нашиот голман, Даниел Исајловски.