Пионерите на ФК Вардар успеаа да стигнат до нова победа во првенството, откако утрово на теренот на Академијата ја победија екипата на Шкупи, со конечен резултат од 4:2.
Вардар: Андов, Спировски, Николов, Илиевски, Манасиевски, Бојковски, Ристовски, Речица, Андоновски, Туша, Игнатов.
На клупата за резерви беа: Станковски, Димоски, Митревски, Цури, Мирчевски, Ибиши, Ѓурковски,
Екипата на Шкупи успеа прва да го отвори резултатот и да поведе со 0:1 во 30 минута. Сепак кратко траеше радоста на гостинската екипа, кога по само пет минути од негативата, црвено-црните успеваат да го израмнат резултатот на 1:1 со голот на Леонид Игнатов. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме. По 11 минути игра во вториот дел, или во 51 минута, црвено-црните прават резултатски пресврт и поведуваат за прв пат на овој дуел, со голот на Туша Ветон за предност од 2:1. Во следниот период, екипата на Шкупи постигнува втор гол и донесе израмнување на 2:2. Сепак до крајот на мечот за само шест минути, Вардар успеа да го матира противникот. Најпрво со вториот гол на Туша Ветон во 70 минута поведовме со 3:2, додека конечните 4:2 на овој дуел во 76 минута ги постави Џемал Ибиши.
Во игра кај Вардар влегоа уште и Ѓурковски, Димоски, Цури, Ибиши, Мирчевски.