Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на Вардар одиграа “реми“ со Шкендија во 1/4-фин. од Купот на Македонија
Младинците на Вардар одиграа “реми“ со Шкендија во 1/4-фин. од Купот на Македонија

Младинците на Вардар одиграа “реми“ со Шкендија во 1/4-фин. од Купот на Македонија

Денес на теренот на Академијата на ФК Вардар во Скопје младинската екипа  на ФК Вардар предводени од Ѓорѓиевски Петар одиграа натпревар од 1/4-финалето во Купот на Република Македонија против екипата на ФК Шкендија од Тетово. Нашите момци одиграа нерешени 3-3 (1-0) во овој дуел од  националниот Куп.

Нашите момци го почнаа дуелот со следниот состав: Зибери, Џуклевски, Антовски, Димов, Милковски, Наумчевски, Битиќи, Реџепи, Јахја,  Маркоски и Бериша.

Двете екипи се обидуваа  во првиот дел да отворат со погодок во мрежата на ривалот, сепак Малик Зибери и Иљази Артан не беа совладани речиси во текот на целиот прв период. Првото полувреме беше далеку по неефикасно од вториот дел кога видовме дури пет погодоци. Се играше 43.минута кога нашиот офанзивен играч Јакуп Бериша успеа да погоди за наша предност од 1-0. Токму со овој резултат се замина на одмор на овој натпревар.

Второт дел изобилуваше од погодоци на двете страни, се играше отворен напаѓачки фудбал во текот на вторите 45.минути на ова четвртфинале во Купот на Македонија.  Само што почна вториот дел по 3.минути игра преку Реџепи Фитор успеавме да го удвоиме водството, тој умешно стрелаше за 2-0 во 48.минута од овој дуел. Веднаш по тоа следеше период во кој играчите на Шкендија успеаа да го анулираат  нашето водство. Најпрвин играчот со број 9, Расими Албин намали на 2-1, а потоа 69 минута Љума Енсер успеа да изедначи на 2-2. Следеше период во кој ние се обидувавме да го вратиме водството, неуспеавме и тоа беше казнето. Повторно Љума Енсер беше таличен за нас тој стрелаше за пресврт 2-3 во 80.минута од овој Куп натпревар. Сепак ние не се обесхрабривме и трагавме по нов, третти гол за нас. Успеавме во судското продолжене во 90+ да изедначиме на 3-3, со неговиот втор гол денес Реџепи Фитор обезбеди резултатска симетрија 3-3. Токму со овој резултат заврши овој дуел на крајот.