Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дибирова и Радичевиќ: Ларвик е млада екипа ние сме фаворити, но мора да имаме максимално сериозен пристап
Дибирова и Радичевиќ:  Ларвик е млада екипа ние сме фаворити, но мора да имаме максимално сериозен пристап

Дибирова и Радичевиќ: Ларвик е млада екипа ние сме фаворити, но мора да имаме максимално сериозен пристап

Несомнено е дека ЖРК Вардар влегува како фаворит на саботниот дуел од ЕХФ Лигата на шампионите против Ларвик, но „црвено-црните” на натпреварот ќе бидат максимално посветени на постигнување на зацртаната цел. На денешната прес конференција беа соопштени очекувањата од овој четвртти натпревар оваа сезона во елитната европска женска лига.

Ирина Дибирова – тренер на Вардар
„Тие се млада екипа што има смена на генерации во моментов. Тоа не значи дека ќе биде лесно бидејќи имаат млади, но добри играчи, шутери и традиционално имаат брз контранапад. Ние тоа го видовме во Норвешка, и имавме проблеми поради наши грешки. Тие треба да ги намалиме и сѐ ќе биде во ред.

Јованка Радичевиќ – играч на Вардар
„ После три кола имаме максимален учинок, и сакаме да продолжме со овој однос. Со секој противник на натпреварите ние приоѓаме сериозно. Тренираме добро и знаеме која е нашата цел. Сигурна сум дека во сабота нема да биде лесно. Играат секогаш до крај, без разлика на резултатот. Желни се за докажување. Ни треба максимален пристап во одбрана за постигнување лесни голови. Ќе се обидеме да поправиме некои работи, за следното гостување во Будимпешта. Тоа е целта, да завршиме онака како што очекувавме.

Гордана Нацева – претседател на Вардар
„ Добро е што капитенот и тренерот размислуваат дека секој натпревар е сериозен. Сакам да истакнам дека сериозно пристапуваме на секој меч. Мец и Вардар се единствени со максимален учинок досега во ЛШ. Очекувам сите да бидат здрави и неповредени. Доколку продолжимне со овој начин на играње можеме да го реализираме она што е план. Им се заблагодарувам на навивачите за досегашната подршка, но секако можат да дојдат и во поголем број. Убаво е да се игра пред полни сали. Ларвик е наш традиционален противник. Мислам дека ќе има одлична ракометна претстава во сабота.