Денес на теренот на Академијата на ФК Вардар во Скопје помладите пионери на ФК Вардар предводени од Сашо Тодоровски одиграа натпревар од 1/4-финалето во Купот на Република Македонија против екипата на ФК Еуроспорт од Куманово. Нашите момци обезбедија одличен резултат пред реваншот триумфирајќи со високи 4-0 (1-0). Со овој резултат речиси со “една нога“ сме во полуфиналето од националниот Куп.
За нас овој дуел го почнаа: Величковски, Радуловиќ-Величковиќ, Хасани, Костовски (Капитен), Мирков, Крстевски, Трајановски, Стојановски, Речица, Салиу и Гугуљанов. Играа уште и: Ѓурковски, Фазљиу,Омерагиќ, Илиевски, Петејчук и Игнатов.
По првиот судски свиреж атакувавме на голот на Јаија Бујар со цел со ран погодок да го отвориме голот. Се играше цврсто во првиот дел од првиот период, ние неуспеававме да погодиме во раната фаза. Во 27.минута по изведен корнер со глава најснаодлив беше Далибор Костовски кој го отвори резултатот и стрелаше за 1-0. До крајот од првиот дел сакавме да го удвоиме водството во што не успеавме, иако имавме повеќе посед од противникот во поле. Сепак сето тоа беше наградено во вториот дел.
Второто полувреме беше далеку поефикасно за нас, успавме целосно да го декласраме противникот во второт период. По серија шанси во 57.минута со удар од дистанца преку нововлезениот Марио Илиевски успеавме да поведеме со 2-0 на овој натпревар. Повторно за екипата од Куманово во продолжение беше таличен играч од цревено-црната клупа, Леонид Игнатов кој почна како резерва, а подоцна доби прилика во 70.минута постигра гол за високи 3-0. До крајот беше се решено имавме голема предност само требаше умешно да го донесеме натпреварот до крај и евентуално да го зголемиме водството дополнително. Дека одлични потези од клупа повлече Сашо Тодоровски покажа и третитот стрелец во второт дел Фазлиу Атом. Нововлезениот Атом успеа во 74.минута да го постави конечниот резултат 4-0, на овој четвртфинален дуел од Купот на Македонија со удар од дистанца. Ние со една нога веќе сме во топ-4 фазата од ова натпреварување.