Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар ја пречекува битолска Хераклеа во дуел важен за 2.место
КУГЛАЊЕ! Вардар ја пречекува битолска Хераклеа во дуел важен за 2.место

КУГЛАЊЕ! Вардар ја пречекува битолска Хераклеа во дуел важен за 2.место

Овој викенд на програмата во Македонската кугларска лига е новото, петто коло, последно од првиот круг во ова натпреварување. Лигата како и лани содржи шест екипи кои играат трикружен систем. Во ова коло црвено-црниот колектив е домаќин на екипата на КК Хераклеа од Битола.

Дуелот се игра во сабота, 4-ти ноември, истиот е закажан со почеток во 10-00 часот.  Вардар стандарно е домаќин во кугланата “ВИП“ при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. По четири кола имаме три победи и еден пораз, само од шампионот КК Макпетрол. Досега сезоната се одвива според планот, со победа во сабота ќе се издвоиме како голем фаворит за освојување на вице-шампионската позиција која е наша цел. Гостинот по победата в гости кај КК Империал Тобако ТКС исто така има амбиции да дојде до позицијата зад фаворитот Макпетрол оваа сезона. Досега во изминатите сезони секогаш со овој тим на домашен терен сме освојувале “цел плен“.