Тимот на Вардар се подготвува за тешкото гостување во шпанскиот град Сан Себастијан, каде вечерва од 21 часот ќе одигра натпревар против шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад. Вардар се наоѓа во голема резултатска криза, како ќе се справат со овој натпревар нашите играчи останува да видиме вечерва.
Радува една позитивна вест за тренерот Јаневски, на тренинзите на екипата се вратија повредените играчи од одбраната Дарко Велковски и Висар Муслиу. И двајцата се здобија со повреди за време на настапите за фудбалска репрезентација на Македонија. Како што може да се забележи и на фотографиите, Муслиу сеуште тренира со завој на раката. Се очекува и двајцата да се најдат на клупата за резерви вечерва.
Натпреварот на Сосиедад и Вардар ќе биде одигран вечерва од 21:05 часот.