Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Николов: Вардар е во мала криза, но можеме и мораме да ја пребродиме
Николов: Вардар е во мала криза, но можеме и мораме да ја пребродиме

Николов: Вардар е во мала криза, но можеме и мораме да ја пребродиме

Еден од главните играчи во срединиот ред на Вардар, Бобан Николов пред вечерашниот дуел истакна дека тимот на Вардар мора да игра многу подобро од натпреварот во Скопје, во спротивно противникот ќе ја казни секоја грешка на Вардар.

“Дојдовме во Шпанија да се бориме, се надевам дека нема да се повтори мечот од Скопје. Ќе се бориме машки за секоја педа од теренот и за Вардар. На минатите два натпревари во Скопје паднавме псисихчки, како да се откажавме од се. Не смееме да им дадеме да ја држат топката како во Скопје и да креираат голем број на шанси. Извадивме поука од поразот од 0-6, ќе се обидеме да ги израдуваме нашите навивачи” – изјави Николов.

Репрезентативецот на Македонија додаде:

“Вардар е во мала криза, но можеме и мораме да ја пребродиме. Еден тим како Реал Мадрид што се вели е во криза на моменти”.