Заврши и втората фаза од изборот на најдобри млади таленти кои добија стипендии од Македонски “Телеком“. На теренот на Академијата на ФК Вардар, стручните лица во младинската школа на клубот преку натпревари ги избраа најдобрите 20 дечиња од оваа втора фаза. Меѓу нив се наоѓаат и играчи кои се дел од младинските генерации во ФК Вардар. Тренерите од ФК „Вардар“ ја анализираа играта на секое дете и ги прогласија 20-те најдобри таленти, добитници на фудбалски стипендии во Академијата за фудбал „Вардар“.
Стипендии добија: Максим Цониќ, Борјан Томовски, Војо Стојановски, Златко Радески, Милош Спасовски, Филип Смиљков, Алек Бабунски, Андреј Гудов, Кацман Сулејман, Максим Павлоски, Лука Пацески, Димитар Ацевски, Матеј Крстевски.