Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Во есенскиот дел стартуваме против шампионот Макпетрол, од сезонава дерби Пелистер-Вардар и во овој спорт
Куглање: Во есенскиот дел стартуваме против шампионот Макпетрол, од сезонава дерби Пелистер-Вардар и во овој спорт

Куглање: Во есенскиот дел стартуваме против шампионот Макпетрол, од сезонава дерби Пелистер-Вардар и во овој спорт

Наскоро стартува  Македонската кугларска лига во новата сезона 2018/2019 година. Момците на Драги Димитровски  ги дознаа дуелите во сезоната во која влегуваат како вице-првак. Вардарци во оваа сезона успеаа да го зачуваат во целост ласнкиот ростер на играчи.

Кугларскиот клуб Вардар во првото коло ќе игра дерби со двојниот шампион од лани, тимот на КК Макпетрол. Интересно е што оваа сезона ќе играме дерби дуел со Пелистер и во овој спорт. Тимот на битолска, КК Хераклеа  се “ребрендираше“ и стана дел од најпознатото битолско спортско семејство Пелистер. Станува збор за квалитетен колектив со искусни играчи, екипа која се обидува да го врати овој спорт во својот град. Тие отпочнаа проект за привлекување млади куглари „Кугламе и сме среќни“-детали овде.  Во есенскиот дел од пет кола не очекуваат три гостувања и два домашни дуела.

41092933_10156606017159231_4167601763119005696_n

  1. Коло Макпетрол-Вардар 29/09/18
  2. Коло Вардар-18 Август 13/10/18
  3. Коло Пелистер-Вардар 20/10/18
  4. Коло Империал Тобако-Вардар 27/10/18
  5. Коло Вардар- КК ГТЦ Мусандра 03/11/18