Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Голманот Калифа Гедбан ја доби потребната виза, се очекува деби против Кристијанштад
Голманот Калифа Гедбан ја доби потребната виза, се очекува деби против Кристијанштад

Голманот Калифа Гедбан ја доби потребната виза, се очекува деби против Кристијанштад

Голманот од Алжир, младиот Калифа Гедбан е последно засилување за  македонскиот првак, РК Вардар овој летен преоден рок, тоа претходно го потврдија и од клубот.  Мината е и последната пречка за негово пристигнување во Скопје, откако алжирскиот младински репрезентативец ја доби потребната виза.

Се очекува партнерот на Дејан Милосављев  во следните два дена  да пристигне во СЦ „Јане Сандански”. Стандардно  по пристигнувањето во Скопје, Гедбан ќе биде подложен на  задолжителните лекарски прегледи. Доколку се биде во ред се очекува неговото деби за црвено-црните  за дуелот со Кристијанштад, овој меч од 2.коло во ЕХФ ЛШ се игра   сабота во С.Ц “Јане Сандански“ – Скопје.

Видео од новиот голман на Вардар: