Tuesday ,14 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК ВАРДАР 2007 3-ти ПАТ ПО РЕД ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА, ФЕР ПЛЕЈ “ПАДНА“ ПРЕД МОМЦИТЕ НА ТОМЧЕ ТРАЈАНОВСКИ
ФК ВАРДАР 2007 3-ти ПАТ ПО РЕД ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА, ФЕР ПЛЕЈ “ПАДНА“ ПРЕД МОМЦИТЕ НА ТОМЧЕ ТРАЈАНОВСКИ

ФК ВАРДАР 2007 3-ти ПАТ ПО РЕД ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА, ФЕР ПЛЕЈ “ПАДНА“ ПРЕД МОМЦИТЕ НА ТОМЧЕ ТРАЈАНОВСКИ

ФК Вардар генер.2007 денес третта година по ред стана шампион на Македонија во детската лига. Тие полани исто така како и годинава станаа шампиони на кормилото со Томче Трајановски. Во големото финале се сретнаа со екипата на ФК Фер Плеј од Охрид, во еден меч со целосна доминација нашите момци дојдоа до злато. Тие го изборија новиот пехар со резултат 6-1 (1-0).

00

Во големото финале тргнавме офанзивно  уште од првата минута, Стефан Младеновски ја имаше првата шанса тој со глава шутна крај голот на охриѓани. Нашата офанзива донесе рано пенал кој го изведе Александар Грашески, тој силно и прецизно погоди за 1-0. Потоа истиот играч имаше прилика од слободен удар, топката за малку не заврши во мрежата на Фер Плеј. Имавме постојна инцијатива во продолжение, Емир Шаботиќ потоа со глава од само 3-4 метра не успеаа да погоди. На сцена стапи во нашата офанзива Марко Крстевски, тој се уфрли напред во две акции едно по друго, два пати за жал не успеа да го удвои водството на црвено-црниот тим. Противникот се закани во финишот на првиот дел, сепак на нашиот гол Лука Јаневски кој беше денес избран и за најдобар голман во генерација 2007 покажа завиден квалитет и одлично одбрани. До крајот имамавме уште една прилика, Младеновски Стефан неуспеаа да погоди, и покрај големата офанзива на одмор заминавме со само минимална предност.

0

Сепак вториот дел го почнавме со погодок, веднаш беше наградена нашата офанзива, Емир Шаботиќ на самиот почеток стрелаше за 2-0. Постојано напаѓавме, па противникот често исфрлаше во корна, по три корни добивме пенал. Александар Грашески повторно беше изведувач, и повторно беше немилосен за ривалот тој погоди силно за високи 3-0. Две прилики во продолжение имаше Стефан Младеновски, во првата погоди крај голот, во втората беше прецизен. Тој стрелаше за 4-0 и осигурување на пехарот.  Противникот искористи едно опуштање на нашата одбрана поради високото водство и намали на 4-1. Борјан Томовски не дозволи Фер Плеј да проба да се врати, во следната акција ја врати предноста од четири гола, тој погоди за 5-1.  До крајот остана малку време, Емир Шаботиќ имаше две прилики, во првата голманот на противникот успеа да го скроти ударот. Во втората постигна гол за 6-1, по неговиот удар и погодок судијата свирна крај.

Покрај екипното злато во оваа генерација предводена од Томче Трајановски  ги имавме и двете поеднечни награди. Лука Јаневски е најдобар голман во Македонија во генер.2007, а Александар Грашески е најдобар стрeлец во истата.

99-660x330

22

88