Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК ВАРДАР ГЕНЕР. “2005“ ЈА ОДБРАНИ КРУНАТА ВО ДЕТСКАТА ЛИГА, ИЗБРАНИЦИТЕ НА АНЕ АНДОВСКИ ЈА СОВЛАДАА А.Пандев И СЕ СТАРО-НОВИ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА
ФК ВАРДАР ГЕНЕР. “2005“ ЈА ОДБРАНИ КРУНАТА ВО ДЕТСКАТА ЛИГА, ИЗБРАНИЦИТЕ НА АНЕ АНДОВСКИ ЈА СОВЛАДАА А.Пандев И СЕ СТАРО-НОВИ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА

ФК ВАРДАР ГЕНЕР. “2005“ ЈА ОДБРАНИ КРУНАТА ВО ДЕТСКАТА ЛИГА, ИЗБРАНИЦИТЕ НА АНЕ АНДОВСКИ ЈА СОВЛАДАА А.Пандев И СЕ СТАРО-НОВИ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА

Вардаровата генерација родени “2005“ година успеаа да ја одбранат круната во детската лига за оваа натпреварувачка сезона. Во големото финале избраниците на Ане Андовски успеаа да ја совладаат екипата на Академија Пандев, со резултат од 2:0.

1

Гледавме неизвесен и тежок дуел, како и што доликува на едно финале, во кое играа најдобрите две екипи од цела Македонија. Може да се каже дека вардарци заслужено победија, не само поради тоа што постигнаа два гола, туку дека во најголем дел од натпреварот имаа доминација и целосен посед на топка, а противникот од Струмица беше во подредена улога. Сепак првиот директен удар по пет минути игра го имаше токму А.Пандев, кој заврши над голот на Апостоловски. Врати кај нас, Влатко Кулуковски, со сличен удар, ништо посериозно. Првата голема прилика ја имаа црвено-црните и тоа преку Симеон Здравковски, но побрз беше голманот на А.Пандев кој му влезе во ударот и успеа да одбрани, добра шанса ова беше за отварање на резултатот.

2

Во следните минути имавме можност да постигнеме гол, но тоа не се случи. Се обиде Гаштаров, повторно на место е противничкиот чувар на мрежата, кој беше најзаслужен што неговиот тим немаше се уште негатива на овој дуел. Уште една голема прилика за Вардар, Филип Јовановски биеше, голманот ја зафати топката и истата удари во пречката, резултататот е се уште оној почетниот. До крајот на првото полувреме се обидовме и преку Величковски, кој на нафрлена топка бие со глава покрај голот, како и обидот на Гаштаров, кој заврши покрај гол. Пандев речиси и да немаше некоја посериозна прилика за постигнување на гол, на одмор се замина со резултат 0:0.

3-2 3

Топлото време се повеќе ги отежнуваше условите за игра, но избраниците на Ане Андовски дефинитивно се покажаа како физички поподготвени од противникот, кој немаше сили за второто полуреме да се одбрани до крајот. Првиот директен удар во овој дел од мечот го имаше Филип Јовановски, но истиот заврши во рацете на добро поставениот голман на А.Пандев. Немаше многу прилики за погодок во вториот дел, но двете Вардар ги искористи и на крајот победи. Тино Спасиќ е играчот кој успева да го отвори резултатот на 1:0, откако од прва голманот на А.Пандев одбрани еден од нашите удари, но на одбиената топка налета Спасиќ, кој го отвори резултатот на голема радост на црвено-црните. Конечно беше пробиен “бункерот“ кој го поставија пандевци на овој финален меч. И покрај водството, игравме офанзивно и во последните десет минути од дуелот. Се обиде и Фидановски, кој шутира над голот, како и Величковски, чиј удар успешно го одбрани голманот. Во последните пет минути, Вардар успеа да го удвои водството, откако противникот направи три корни, по што беше досуден пенал за Вардарци, истиот успешно го реализира Матеј Гаштаров, кој ги постави конечните 2:0 на овој финален дуел кај генерацијата родени “2005“ година.

4 5 6

Шампионскиот трофеј добива на поголема тежина, тоа што оваа екипа на Вардар немаше ниту еден изгубен бод во текот на целата сезона, што говори само за супериорноста на момците на Ане Андовски.  За најдобар стрелец на завршниот турнир е прогласен Матеј Гаштаров од редовите на Вардар. Честитки за титулата и добрата игра во текот на целата сезона.

34364098_1702707723109400_635504170232709120_n