Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2006„ се вицешампиони на Македонија, повторно Албарса подобра во финалето од вардарци
ФК Вардар генер. “2006„ се вицешампиони на Македонија, повторно Албарса подобра во финалето од вардарци

ФК Вардар генер. “2006„ се вицешампиони на Македонија, повторно Албарса подобра во финалето од вардарци

Денес на терените на ФФМ се одиграа финалните натпревари на завршниот турнир во детската лига. За жал генерацијата на ФК Вардар родени “2006“ година ниту по прет последователен пат не успеваат да стигнат до врвот. Како и минатата, така и оваа сезона во големото финале сме поразени од екипата на Албарса, со резултат 2:4.

1-2

Можеше да биде и многу поинаков конечниот епилог, доколку во моментите кога резултатот не беше отворен, искористивме барем една од неколкуте шанси. Албарса мора да се напомене дека одигра тактички мудро, но и поборбено, знаеаа што сакаат на ова финале и на крајот успеаа да триумфираат по голема борба. Првата голема прилика на овој натпревар ја имаше Алтин Алији, кој шутира само покрај противничкиот гол. Во почетните минути од мечот имавме доминација на теренот и поголем посед на топка, Сековски асистираше до Коловски, кој не беше присебен и не успеаа да ја смири топката, иако се наоѓаше во добра ситуација. Следеа и два удари на Николовски, од кои едниот го одбрани голманот на Албарса, кој е најзаслужен за победата, додека другиот удар оди покрај неговиот гол.

4-2

Нова голема прилика имаше Алтин Алији, но повторно изостана конечната реализизација, што беше наш главен проблем на овој натпревар. И како вели фудбалското правило, кога нема да ги искористиш своите шанси, следува казна на спротивната страна, тоа и се случи и на ова финале. Вардар играше, но Албарса успеа да поведе и да го отвори резултатот на 0:1 и тоа со удар од белата точка, откако направивме три многу “наивни“ корни. После негативата удар имаше Галевски, но одбрани повторно голманот на Албарса. Каква само стопроцентна шанса не искористи, Алтин Алији кој во казнениот простор на противникот беше сам не бранет од никого, шутираше, но голманот на противникот дефинитивно беше нашата последна пречка, повторно со рефлексна реакција одбрани и спречи израмнување. На полувреме резултатот е 0:1.

2-2 3-2

Во второто полувреме видовме дури пет голови, од кои три беа за екипата на Албарса, додека два за Вардар. Голем дел од работата, Албарса заврши на стартот од вториот дел, кога по грешка и испуштена топка на Данстак, противничкиот играч ја смести топката во нашата мрежа, што значеше и наше водство од 0:2. Избраниците на Јанев се обидуваа да се вратат во ова големо финале, се “мачевме“ но сепак успеавме да постигнеме прв гол и да го намалиме резултатот на 1:2. Дарко Сековски биеше прецизно и донесе неизвесност во ова финале. Повторно истиов играч се обиде, но овој пат одбрани голманот на Албарса. Имавме шанси и да израмниме, во нова прилика се најде Алији, кој бие само покрај голот на противникот. Повторно не казнуваат, со нов гол и тоа ремек дело на еден од нивните играчи, кој сам ја помина цела наша одбрана и на крајот го совлада Данстак, за нова солидна предност од 1:3. Бргу врати Вардар, кога беше досуден пенал за нас, истиот го искористивме преку Кристијан Галевски, кој погоди за 2:3. Останаа уште неколку минути за игра, но ние направивме повторно три корни што значеше пенал за Албарса, кој успешно го реализираат. Конечниот резултат во ова големо финале е 2:4 за екипата на Албарса, која успеа втора последователна сезона да не совлада во големото финале на детската лига.

1

На завршната церемонија се доделуваа сребрените медали, како и се прогласуваа најдобрите поединци. За најдобар стрелец во оваа генерација е прогласен, капитенот на Вардар, Дарко Сековски.

19 18 17