Thursday ,17 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Импресивна сезона за пом.пионери на ФК Вардар, единствената генерација која стана шампион во повозрасните категории
Импресивна сезона за пом.пионери на ФК Вардар, единствената генерација која стана шампион во повозрасните категории

Импресивна сезона за пом.пионери на ФК Вардар, единствената генерација која стана шампион во повозрасните категории

Пред нас е натпреварувачката сезона 2017/18 во првенството на младинските фудбалски категории. Вообичаено како претходните, така и на крајот од оваа сезона ќе направиме преглед на сезоната за секоја генерација на ФК Вардар, која се натпреваруваше во првенството и купот. Ќе започнеме со шампионите, единствените кои успеаа да освојат трофеј во повозрасните категории, а тоа се помладите пионери, или генерацијата родени “2002“ година. Избраниците на Сашо Тодоровски имаа сезона за паметење, во која завршија на првото место на табелата со голема бодовна разлика пред второпласираниот тим на Работнички. Сезоната ја завршивме со 22 победи, 4 нерешени реултати и само 1 единствен пораз и тоа на гостувањето против Ренова, кога бевме принудени да играме со играч помалку уште од 3 минута на тој меч. Тој единствен пораз се случи дури во 19 првенствено коло. Имавме убедливо најдобар напад и одбрана и импресивна гол разлика. Постигнавме дури 85 голови, додека примивме само 17 погодоци. Најубедливите победи беа во дуелите со екипите на Милано и Македонија Ѓ.П, додека два од четирите нерешени резултати беа во дуелите против градскиот ривал, екипата на Работнички, додека по еднаш ремизиравме против А.Пандев и во последното коло против Македонија Ѓ.П.

425

Навистина бевме најголемото изненадување во лигата, со оглед дека претходните две сезони ги завршувавме како вицешампиони, по една во детската и регионалната-скопска лига. Инаку сезоната ја стартувавме со Љупчо Марковски кој по три одиграни кола имаше две победи и еден нерешен резултат, за после неговото заминување, екипата да ја превземе Рап-Тап или “магнетот“ за трофеи, кој успеа и со оваа генерација да направи успех, а наградата за добрата работа во младинските категории е наградена со неговото преминување во стручниот штаб на првиот тим на Вардар.

1217

Ова се сите остварени резултати на помладите пионери во текот на оваа натпреварувачка сезона:

1 коло: Ренова - Вардар  1:4

2 коло: Работнички – Вардар  0:0

3 коло: Вардар – Шкендија  4:1

4 коло: А.Пандев – Вардар 2:4

5 коло: Вардар – Шкупи  4:0

6 коло: Пелистер – Вардар  1:2

7 коло: Вардар – Победа  2:0

8 коло: Милано – Вардар  0:2

9 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  5:1

10 коло: Вардар – Ренова  5:0

11 коло: Вардар – Работнички  2:1

12 коло: Шкендија – Вардар  1:2

13 коло: Вардар – А.Пандев  4:2

14 коло: Шкупи – Вардар  0:1

15 коло: Вардар – Пелистер  5:0

16 коло: Победа – Вардар  0:1

17 коло: Вардар – Милано  8:0

18 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар  0:8

19 коло: Ренова – Вардар  2:1

20 коло: Работнички – Вардар  1:1

21 коло: Вардар – Шкендија  5:1

22 коло: Академија Пандев – Вардар  1:1

23 коло: Вардар – Шкупи 3:1

24 коло: Пелистер – Вардар  0:4

25 коло: Вардар – Победа  2:0

26 коло: Милано – Вардар  0:4

27 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  1:1

 Во купот стигнавме со полуфиналето каде бевме елиминирани од екипата на Работнички и тоа само поради поголемиот број на постигнати голови на гостински терен. Поразот на првиот меч на теренот на Академијата со резултат 2:3 не чинеше многу, иако на реваншот целосно го надигравме противникот и иако на тој дуел имавме играч помалку сепак успеавме да триумфираме, што на крајот не беше доволно да се пласираме во големото финале на купот. Ова се постигнатите резултати во ова натпреварување:

1/8 куп: А.Пандев – Вардар  0:0  ( пенали 6:7)

 1/4 куп: Вардар – Еуроспорт  4:0

 1/4 реванш: Еуроспорт – Вардар  3:0

 1/2 куп: Вардар – Работнички  2:3

1/2 реванш: Работнички – Вардар  0:1

 

Најдобар стрелец оваа сезона кај помладите пионери е Азер Омерагиќ. Листа на сите играчи кои се запишаа во листата на стрелци кај оваа генерација:

821

 1. Азер Омерагиќ  18

2. Атом Фазлиу 10

3. Фисник Салиу и Мартин Радуловиќ-Величковиќ по 9

4. Анатолиј Петејчук и Антонио Мирков по 8

5. Кристијан Стојановски 5

6. Виктор Крстевски, Абдула Хасани и Далибор Костовски по 4

7. Георг Стојановски 3

8. Али Асани, Дамјан Трајановски и Муас Демири по 2

9. Ринор Исени, Марио Илиевски и Николај Тодороски по 1 гол.

Настапивме на првото издание на меморијалниот турнир во Струмица, во чест на прерано загинатиот млад фудбалер, “Филип Лазаревски“, на кој го освоивме второто место, во конкуренција на шест екипи. Бевме без неколку играчи, кои беа повикани со репрезентацијата до 16 години, па настапивме со комбинирана екипа, од играчи родени 2002 и 2003 година и еден од генер. “2004“: Турнирот се одигра во периодот од 11-14.04.2018 година.

Ова се сите играчи од оваа генерација кои земаа учество и имаа свој придонес во успехот на вардаровата генерација “2002“: Матеј Величковски, Марко Станковски, Лука Стојковски, Али Асани, Виктор Крстевски, Далибор Костовски, Анатолиј Петејчук, Мартин-Радуловиќ-Величковиќ, Муас Демири, Абдула Хасани, Петар Гугуљанов, Фисник Салиу, Александар Ѓурковски, Кристијан Стојановски, Антонио Мирков, Атом Фазлиу, Азер Омерагиќ, Дамјан Трајановски, Марио Илиевски, Ринор Исени, Георг Стојановски, Николај Тодороски, Дамјан Пешовски, Енес Шабани, Филип Симев, Харбин Речица, Леонид Игнатов, Мартин Ѓорѓиевски. 

661