Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар е во преговори со македонскиот репрезентативец Кире Ристевски ?
ФК Вардар  е во преговори со македонскиот репрезентативец Кире Ристевски ?

ФК Вардар е во преговори со македонскиот репрезентативец Кире Ристевски ?

Според информациите на Спорт1.мк, ФК Вардар е во “лов“ на одличен играч, македонски репрезентативец. Kако што велат, најтрофејниот македонски фудбалски тим е во преговори со македонскиот репрезентативец Кире Ристевски, чиј клуб во Унгарија, екипата на Вашаш, испадна од елитата и сега е слободен фудбалер, без обештетување. Исто така, црвено-црните на пик го имаат и поранешниот голман на младата репрезентација на Србија, Александар Кировски, кој настапува за Чукарички.

kk

Во истата вест Спорт1.мк дополнуваат и за другитите потенцијални имиња, покрај Романецот Бумба, кој е играч од средниот ред и може да игра како офанзивен играч за врска, во Вардар доаѓа и Камерунецот Роберт Ндип Тамбе, кој е напаѓач и има 24 години, а последен клуб му е Адана Демирспор од Турција. Станува збор за напаѓач, кој има добри реализаторски способности и треба да ја зголеми конкуренцијата во нападот каде што сега се Максим Максимов, младиот Бојан Колевски и Ерменецот Тигран Барсегјан.

Во Македонија треба да се врати и Бразилецот Виктор Јуфо, поранешниот фудбалер за врска на Шкендија, кој моментно игра во албански Фљамуртари, каде и што замина од тетовскиот клуб, а странско засилување треба да биде и 28-годишниот Милош Петровиќ, стопер кој доаѓа од Раднички Ниш, клуб кој се избори сезонава за настап во квалификациите за Лига Европа и по долго време овој клуб ќе излезе на меѓународна сцена.

Покрај овие странски засилувања во Вардар треба да дојдат и двајца млади „интернационалци“ Алек Талески, кој има 18 години и доаѓа од Австралија, како и Андреј Тодоровски, 19-годишното момче кое доаѓа од Австрија. Речиси извесно е дека во Вардар ќе дојде и Михаил Маневски, стандардниот младински репрезентативец на Македонија до 19 години, кој важи за исклучително талентирано момче кое може да ја покрие левата бековска позиција.