Младите категории на Вардар се дел од силен меѓународен турнир, “Драган Манце Куп 2018“ во Белград. ФК Вардар 2007 година на овој турнир се предводени од Филип Деспотовски, тој денес со нив имаше да одигра два меча. Екипата која ја носи со себе е пред се составена од играчи на ФК Вардар(2) дополнета со неколку рекреативци од оваа генерација кои атакуваат на место во оваа селекција.
ФК Вардар во првиот меч се сретна со екипата на ФК Винер, во овој дуел тие беа поразени со 3-1, иако одиграа еден навистина добар натпревар. Стрелец на голот за црвено-црните беше Милош Спасовски. Во вториот дуел за противници ги имаа момците од ФК Фрикик истиот го добивме 3-0 (службено). Утре не очекува дуел од треттото коло на истиот турнир.