Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерскиот тим на Вардар одигра нерешено со Железничар на турнирот во Сараево
Пионерскиот тим на Вардар одигра нерешено со Железничар на турнирот во Сараево

Пионерскиот тим на Вардар одигра нерешено со Железничар на турнирот во Сараево

Повторно добар меч одиграа пионерите на ФК Вардар, на дуелот од 2.коло на  силниот меѓународен турнир во Сараево, “Играј фудбал, живеј живот“ останаа непоразени. Избраниците на Томче Трајановски успеаа да одиграа реми со силниот тим на сараевски ФК Железничар.

Натпреварот заврши со почетните 0-0, иако ние бевме далеку поблиску до победата. Голманот на сараевчани неколку пати спаси во последен момент, нашиот ривал не го загрози голот на Андов. По две кола имаме четири бода, во првото ја совладавме екипата на ФК  Војвоводина од Република Србија.

За нас дуелот го започнаа: Андов, Петејчук, Ѓурковски, Манасиевски (капитен), Димоски, Митревски, Илиевски, Андоновски, Ибиши, Туша и Хасановиќ. Тренерот Томче Трајановски од клупата ги уфрли и: Игнатов, Ристовски и Стојановски.