Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > ПИНГ ПОНГ: ВАРДАР НОВ ШАМПИОН
ПИНГ ПОНГ: ВАРДАР НОВ ШАМПИОН

ПИНГ ПОНГ: ВАРДАР НОВ ШАМПИОН

Завчера во  Штип се одигра финалната средба од плеј-офот за титулата државен првак во пинг понг, меѓу екипите на ШАМПИОНИ фА од Штип и ВАРДАР од Скопје. Победи ВАРДАР СО 4-2. Штипските пингпонгари немаа сили да го задржат водството од 2-1. Во екипата на ВАРДАР играше најдобриот македонски пингпонгар Кристијан Станојковски, кој не дозволи никакво изненадување. Сепак и второто место за штипската екипа претставува успех, ако се знае дека немаше услови за работа подолго време.

Нема да се игра реванш во Скопје, бидеќи се игра во две добиени средби. ВАРДАР пред почетокот на плеј офот поведе со 1-0 ,со оглед на тоа што во регуларното првенство беше најдобар. Денеска го зголеми водстото на 2-0, што беше доволно да ја обезбеди титулата. Вардар е шампион, Шампиони Фа е втор, трет Работнички, четврти Младост. Во полуфиналните мечеви, Шампион Фа направи големо пријатно изненадување, победувајќи го Работнички, а Вардар- Младост. Средбата во Штип ја судеше најстариот судија, 69 годишниот Момо Смолиќ. Немаше никакви проблеми и забелешки на неговото судење.Честитки за ВАРДАР ЗА ОСВОЕНАТА ТИТУЛА, НО ЧЕСТИТКИ И ЗА ШАМПИОН ФА И ЗА САШКО БОГАТИНОВ, ФИЛИП МЛАДЕНОВСКИ, АЛЕКСАНДАР КРАЛЕВ И ДАМЈАН СТОЈЧЕВ, КАКО И ЗА ЛУЃЕТО КОИ ПОСТОЈАНО БЕА СО НИВ ЗОРАН ДИМИТРИЕВ, ДРАГИ ЈОРДАНОВ,, МИЈАЛЧЕ БАЛОВ, КОЈ СО ТОДОР КРАЛЕВ ВО 1960 ГОДИНА, БЕА НАЈДОБРИ ПИНГПОНГАРИ ВО МАКЕДОНИЈА, ВО ПИОНЕРСКА КОНКУРЕНЦИЈА!

ИЗВОР: Stipski asovi