Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пјуник вреди највеќе од можните противници, Зариа во очајна форма
Пјуник вреди највеќе од можните противници, Зариа во очајна форма

Пјуник вреди највеќе од можните противници, Зариа во очајна форма

Тимот на Пјуник од Ерменија би требало да е најнезгодниот тим од овие можни пет противници на Вардар. Овој тим од Ерменија сезоната во својата лига ја заврши како петто пласиран. Пјуник и според „Трансфермаркт“ вреди највеќе од сите овие противници. Цената на тимот се проценува дека во овој момент е нешто помалку од 4. милиони евра.

Зариа Балти од Молдавија е вториот можен противник. Зариа игра очајно во овој момент во молдавската лига, тимот се наоѓа на последната осма позиција со само осум освоени бодови, односно само една победа на 11. одиграни натпревари досега. Зариа во овој момент на „Трансфермаркт“ “тежи” 2.750.000 илјади евра.

Колрeин од С. Ирска е третиот можен противник на нашиот тим. Колрeин првенството во С. Ирска го заврши на втората позиција и со тоа обезбеди пласман во квалификациите за Лигата на Европа. Овој тим главно е составен од домашни фудбалери кои не се многу познати. На „Трансфермаркт“ тимот вреди само 518 илјади евра.

Дери Сити од Р. Ирска e претпоследниот можен противник на “црвено – црните”. Овој тим во шампионатот на Р. Ирска кој е во тек, ја завзема петтата позиција од десет тимови. На пазарот се проценува вредноста на овој тим дека е 1.250.000 илјади евра. И против овој тим Вардар не би требало да има поголеми проблеми.

Последен и најлесен противник на Вардар може да биде екипата на Торшавн од Ф. Острови или Сент Џозефс од Гибралтар. Двете екипи најпрвин во меѓусебен дуел ќе одлучуваат која екипа ќе помине во следната фаза каде е нашиот Вардар.

Ждребот е утре од 12 часот во Нион.