Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познати се сите екипи, кои во новата сезона ќе бидат дел од машката Лига на Шампиони, Вардар повторно во најсилните групи
Познати се сите екипи, кои во новата сезона ќе бидат дел од машката Лига на Шампиони, Вардар повторно во најсилните групи

Познати се сите екипи, кои во новата сезона ќе бидат дел од машката Лига на Шампиони, Вардар повторно во најсилните групи

Извршната комисија на ЕХФ веќе ги одреди екпите кои ќе се натпреваруваат во Лигата на Шампионите, за следната натпреварувачка сезона. Повторно дел од најголемото натпреварување ќе биде Вардар, а претставник од Македонија ќе биде и тимот на Металург, кој доби вајлд карта за настап во ЛШ, како и екипите на Веспрем, Нант,Рајн-Некар, Монпелје Интересно во новата сезона ќе има и претставник од Финска.

Ова се екипите кои ќе бидат дел од Лигата на шампиоите: ПСЖ, Вардар, Киелце, Пик Сегед, Фленсбург, Барселона, Скјерн, Мешков Брест, ППД Загреб, Мотор Запорожје, Кристијанштад, Цеље ПЛ, Рајн Некар Левен, Веспрем, Нант и Монпеље (групи А и Б), Адемар Леон, Спортинг Лисабон, Елверум, Бешикташ, Вакер Тун, Чеховски Медведи, Динамо Букурешт, Татран Прешов, Кокс, Висла Плоцк, Силкеборг и Металург (групи Ц и Д).

Ждрепката ќе изврши на 29-ти јуни во Виена, кога ќе бидат познати противниците на Вардар, во една од најсилните групи. Новата сезона во ЛШ се очекува да започне во периодот од 12-16-ти септември.