Фудбалскиот клуб на Вардар повторно ќе биде клубот кој дава најмногу деца во академијата на ФФМ. Во новата сезона се направи селекција на играчи, кои се генерациски родени “2005“ година и кои во наредните две години ќе бидат дел од академијата на ФФМ. На завршното финално селектирање, познати се играчите кои ги задоволија вкусовите на стручните лица. Од Вардар тоа се голманот, Илија Апостоловски, потоа играчите, Зоран Фидановски, Симеон Здравковски и Арбин Курти.
Само да потсетиме, минатата сезона дури шест играчи од генерацијата “2004“ на ФК Вардар преминаа во Академијата на ФФМ. Тоа беа двајцата голмани, Васко Василев и Стефан Тасев, како и Марио Ричков, Огнен Здравковски и близнаците Марко и Матео Софијаноски.