Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Георг Стојановски се запишуваше во листата на стрелци, за дури три генерации на ФК Вардар
Георг Стојановски се запишуваше во листата на стрелци, за дури три генерации на ФК Вардар

Георг Стојановски се запишуваше во листата на стрелци, за дури три генерации на ФК Вардар

Откако претходната сезона успеа да испише рекорд, според бројот на постигнати голови за една генерација на натпреварите во детската фудбалска лига, Георг Стојановски на ист начин продолжи и во сезоната која заврши пред извесен период. Само да потсетиме младата надеж на ФК Вардар, минатата сезона како дел од генерацијата родени “2004“ година успеа да постигне неверојатни 81 погодок, што тешко дека ќе му успее на еден играч истото да го повтори или надмине.

Оваа сезона Георг очекувано и сосема заслужено доби шанса и можност да напредува во повозрасните категории. Освен што настапуваше за генерацијата “2004“ во која е роден, младиот Гео имаше настапи и за повозрасните генерации на Вардар, родени “2003“ и “2002“ година. Во сите три воззрасни категории, Стојановски успеа да се запише во листата на стрелци.

1325-660x330

Кај генерацијата “2004“ како капитен на екипата успеа да постигне најмногу голови, или вкупно 23, иако не одигра многу натпревари, некои поради повреда која го мачеше во еден период, додека другите ги пропушти поради настапи како што напоменавме во повозрасните екипи.

29026350_10211587577627218_7653926399178178560_n

Тоа не му пречеше да постигне уште 9 голови за вардаровата генерација “2003“, како и за помладите пионери, каде исто така стои неговото име во листа на играчи кои постигнале голови, или вкупно 3 за него во првенството. Исто така успеа и со сите три екипи да ја освои титулата во лигата, како и купот со генерацијата родени “2004“ година.

vardarfans-naslovna5-660x330

Ништо не е случајно, па така и овие достигнувања и бројки, ако се знае дека Гео е внук на најтрофејниот тренер во историјата на ФК Вардар, се работи за Ѓоко Хаџиевски. Се надеваме дека Георг ќе продолжи по стапките на својот дедо и ќе испишува уште многу успеси со Вардар.