Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ги дозна можните пет противници!
Вардар ги дозна можните пет противници!

Вардар ги дозна можните пет противници!

Тимот на Вардар ги дозна можните пет противници за првото квалификациско коло во Лигата на Европа. Вардар доби противници по мерка, избегнати се незгодните тимови од Унгарија.

Можни пет противници на Вардар се: Пјуник (Ерменија), Зира Балти (Молдавија), Колерејн (Северна Ирска), Дери (Ирска) и подобриот од дуелот Б36 Торшаун од Фарски Острови и Сент Џозеф од Гибралтар.

Ждрепката за Лигата на Европа е в среда, од 12.00 часот. Првото коло ќе биде одиграно во период од 12-19 јули.