Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Ибиши ја реши Војводина, голема победа за пионерите на ФК Вардар, на отварањето на турнирот во Сараево
Ибиши ја реши Војводина, голема победа за пионерите на ФК Вардар, на отварањето на турнирот во Сараево

Ибиши ја реши Војводина, голема победа за пионерите на ФК Вардар, на отварањето на турнирот во Сараево

Голема победа за пионерите на ФК Вардар, на отварањето на силниот меѓународен турнир во Сараево, “Играј фудбал, живеј живот“. Избраниците на Томче Трајановски успеаа да ја совладаат екипата на Војводина, која важи за една од најдобрите школи на Балканот. Црвено-црните триумфираа минмално со резултат од 1:0.

Искусниот стратег, Трајановски играше со формација 3-4-3 на овој натпревар. Во одбраната беа Ѓурковски, Бојковски и Манасиевски, по средината на теренот играа Митревски, Петејчук, Димоски и како полушпиц, Илиевски. Во офанзивната линија беа, Ибиши, Хасановиќ и Стојановски. И на полувреме го имавме истото водство од 1:0, додека стрелец на единствениот гол за Вардар беше Џемал Ибиши. 

Во игра влегоа уште Спировски, Ристовски, Андоновски и Игнатов. Утре со почеток од 10-30 часот за противник ја имаме екипата на Железничар.