Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Бесар Гуџуфи им донесе финале на ФК Вардар генер. “2004“, кој со резултатски пресврт го победи Берое
Бесар Гуџуфи им донесе финале на ФК Вардар генер. “2004“, кој со резултатски пресврт го победи Берое

Бесар Гуџуфи им донесе финале на ФК Вардар генер. “2004“, кој со резултатски пресврт го победи Берое

Вардаровата генерација родени “2004“ година ќе играат во големото финале на турнирот “Колониа Куп“, кој се одржува во градот Бургас. Избраниците на Игор Кралевски во полуфиналето ја совладаа екипата на Берое (2:1) и тоа со резултатски пресврт откако на полувреме имавме негатива од 0:1.

Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Ангелов, Љушев, Анчевски, Серафимов, Јаневски, Милошевски, Стоимов, Каровски, Гуџуфи, Стојановски, Павлески.

g1

Противникот по првото полувреме имаше минимална предност од 0:1, но тоа не беше пречка за вардарци во второто полувреме целосно да го надиграат противникот и да слават победа. Играчот на одлука во овој дел од натпреварот беше напаѓачот Бесар Гуџуфи, кој напрво во 65 минута го израмни резултатот, за десет минути подоцна или во 75 минута со својот втор гол да му донесе водство на својот тим од 2:1.

g1s

Ова беше финале пред финале, на кое гледавме машки натпревар во текот на целиот меч. Се играше борбено и двата тима силно ја посакуваа победата. На крајот Вардар се покажа како подобар и заслужено славеше, откако имаше најголем дел од играта во вториот дел.

Во текот на утрешниот ден во големото финале ќе играме со екипата на ФК Спартак Плевен од Бугарија.

 g1a