Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Лекиќ: Клучот за конечниот победник во овој двомеч е во овој прв натпревар за кој сметам дека е многу битен
Андреа Лекиќ: Клучот за конечниот победник во овој двомеч е во овој прв натпревар за кој сметам дека е многу битен

Андреа Лекиќ: Клучот за конечниот победник во овој двомеч е во овој прв натпревар за кој сметам дека е многу битен

Утре со почеток од 19:00 часот екипата на ЖРК Вардар ја очекува првиот натпревар од четвртфиналето против екипата на Митјиланд. Гостуваме во Данска, на терен каде е многу тешко да се победи. Според анализата на ЕХФ, Вардарки не би требало да имаат проблеми да ја поминат оваа елиминациска рунда и да се пласираат на завршниот турнир, воедно тие се сметаат за први фаворити за да ја освојат Лигата на Шампионите. Своите очекувања во пресрет на овој натпревар ги изнесе Андреа Лекиќ, која смета дека од конечниот исход на овој прв дуел може да зависат многу работи околу конечниот победник на овој двомеч.

-Клучот за конечниот победник во овој двомеч е во овој прв натпревар за кој сметам дека е многу битен. Митјиланд е одлична и брза екипа, она што треба да размислуваме е нападот да биде прецизен да не губиме топки, за да ги спречиме нив во контра-напади, за кој знаеме дека скандинавските екипи се најопасни во тој сегмент од играта. Мислам дека за нив така е најлесно да постигнат погодок, треба да бидеме прецизни и сконцентрирани. Да не правиме технички грешки и тоа ќе биде еден од клучните фактори за нас.