Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Металург минимално го доби дербито со Вардар Јуниор, во неизвесна завршница посреќен беше домашниот тим
ЖРК Металург минимално го доби дербито со Вардар Јуниор, во неизвесна завршница посреќен беше домашниот тим

ЖРК Металург минимално го доби дербито со Вардар Јуниор, во неизвесна завршница посреќен беше домашниот тим

Екипата на Металург го доби дербито против Вардар Јуниор, во дербито на женската супер лига. Попладнево во спортската сала во населбата Автокоманда, домашниот тим славеше минимално со резултат 23:22

Во најголем дел од мечот, екипата на Металург имаше предност, но вардарки ниту во еден момент не се откажаа и цело време му дишеа во “врат“ на противникот. Видовме мал број на постигнати голови на овој меч, што беше и очекувано со оглед на важноста на натпреварот во борбата за втората позиција на табелата. На полувреме екипата на Металург имаше солидно водство од 13:9, кое во вториот дел постепено вардарки го стопија и во еден момент го израмнија резултатот. Во неизвесна завршница се влезе во игра гол за гол на двете страни, противникот поведе, Вардар израмнуваше. Сепак на голема радост на домашната публика, Металург го постигна последниот гол и триумфираше со резултат 23:22.

vardarfans-tekst

Најрасположени за игра во нашиот состав беа крилата, и тоа десното, Ивона Трпевска која постигна 8 голови, додека на левата страна, Николовска додаде 5. Ова беше осми пораз сезонава за младите избранички на Симовски, а бодовната разлика Металург ја зголеми сега на високи 8 бодови пред Вардар Јуниор

Вардар Јуниор: Илиќ, Реџеп, А.Николовска 5, Карчева, Кицеска, Вељановска, Трпевска 8, Георгиевска, Диневска, Божиноска 3, Филипоска 1, Иванова 2, Николиќ 2, М.Николовска, Петковска, Галевска 1