Заслужена рекреација и одмор за младите избраници предводени од Игор Кралевски, кои утре ќе играат во големото финале на турнирот “Колониа Куп“, кој од вторникот започна во градот Бургас. Се работи за силен меѓународен турнир, на кој настапуваат познати екипи од Балканот. Денес нашите надежи родени “2004′ година славеа во полуфиналето против екипата на Берое со резултат 2:1 и тоа со резултатски пресврт во второто полувреме.
Попладнево нашите момчиња имаа прошетка во градот Бургас, каде се одморија и мислите ги насочија кон утрешното полуфинале. Дали вардарци ќе го освојат Бургас ќе дознаеме по утрешното финале, во кое играме со екипата на Спартак Плевен од Бугарија, со почеток од 09 и 40 часот.