Вчера екипата на Вардар одигра натпревар под сите можности во Ереван, ние бевме поразени со резултат 1:0 од тимот на Пјуник. Непрепознатлив, без скоро ниту една убава акција, Вардар го одигра дуелот во Ереван. Во 28. минута го примивме погодокот кој беше многу наивен гол, Конате се најде во добра позиција, шутираше по земја, а топката се одби од еден од одбранбените играчи на Вардар, и го измами Гачевски, завршувајќи во неговиот гол.