Генерациите на ФК Вардар, родени “2007“ и “2008“ година играа попладнево во полуфиналето, на турнирот, “Пирин Куп“ во Бугарија. Тие утрово ги совладаа своите противници и обезбедија место во полуфиналните дуели, генерацијата родени 2008 обезбедија финале, а поворозасните 2007 година ќе играат за “бронза“.
Вардаровата генерација “2008“ во полуфиналето се сретна со екипата на ФК Бубамара од Загреб, Хрватска. Нашиот тим во еден дуел со многу борба успеаа со минимална победа да обезбедат пласман во големото финале на овој силен меѓународен турнир во нашиот источен сосед. Во привиот дел имавме серија прилики, но неуспеавме да постигнеме гол. Една од најсериозните шанси за погодок имаше Арти Азизи.
Во вториот период фрливме се на една карта, тоа беше постигнување на погодок за пласман во големиот финален дуел. За среќа успеавме да ја “начнеме“ мрежата на загребчани. За почетни 1-0, кои подоцна се покажаа и како конечни стрелаше умешно Арти Азизи. Целата екипа е заслужна за овој голем успех, последните двајца играчи во нашата одбрана, Матео Кесиќ и Огнен Бојковски се непогрешливи и едни од најзаслужните што нашиот голман нема многу работа. Дамјаноски игра одлично во средината и е креатор на секоја акција на својата екипа. Постојано во шанси се Стефан Бранковски и Коста Бошковски, кои се голема опасност за секоја екипа на турнирот. Голманот, Лука Грчевски стандардно е на висина на својата задача. Оваа генерација утре ќе се обиде да го измине и последното “скалило“ до врвот, односно да триумфира во големото финале. Последна пречка ќе им биде екипата на Левски од Софија.
Избраниците на Томче Трајановски, генерацијата “2007“ играа против екипата на Метал Перник, за жал бевме поразени мимимално и ќе бараме шанса утре со победа да дојдеме до “бронза“ во оваа категорија. Ние од нашиот ривал бевме поразени со минимални 2-1 на полуфиналната средба. Стрелец на единствениот гол за црвено-црните беше Стефан Младеновски. Во текот на утрешниот ден, за третото место ќе играме со екипата на ЦСКА Софија.