Денес на теренот на Академијата, по едно полувреме пријателски натпревари со екипата на Пирин од Бугарија, одиграа кадетите и младинците на ФК Вардар.
Младинските екипи одиграа без победник, со почетниот резултат 0:0.
ФК Вардар: Тимевски, М.Младеновски, Наумчески, Џуклески, Ѓорѓиески, Адем, Маркоски, Димоски, Дишлиевски, Абдулхади, Блгојевиќ.
Прв кој се обиде беше Милан Благојевиќ, кој со глава бие покрај голот на Пирин. Најголемата шанса да го отвориме резултатот и да обезбедиме триумф на овој меч ја имаше Дејан Маркоски, кој биеше од слободен удар во пречката од противничкиот гол. Истиов играч имаше уште една прилика, но одбрани голманот на гостите. Во прилики се најдоа и Бојан Димоски, Оливер Дишлиевски и Марио Младеновски, но нивните удари ги бранеше голманот на Пирин, па мечот заврши со резултат 0:0.
Кадетите пак успеа да слават со резултат 2:1. Избраниците на Колев го отворија резултатот преку Мустафа за водство од 1:0. После погодокот прилика имаше и Тасески, кој бие за малку над голот на Пирин. Противникот успеа да го израмни резултатот на 1:1 со глава, по нафрлена топка од корнер. Се играа последните минути, кога Вардар постигна втор гол, дело на Димов исто така со глава, по нафрлена топка од прекин на Тасески.
ФК Вардар: Велковски, Димов, Пешевски, Радевски, Тасески, Велковски, Хасановиќ, Мустафа, Ѓурковски, Реџепи, Битиќи.