Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2005 постигна 16 гола против Њу Старс, во двата дуела од детската лига
ФК Вардар генер.2005 постигна 16 гола против Њу Старс, во двата дуела од детската лига

ФК Вардар генер.2005 постигна 16 гола против Њу Старс, во двата дуела од детската лига

Денес на фудбалските терени на Работнички се одиграа два меча помеѓу ФК Вардар и Њу Старс за фудбалерчиња од генерација 2005. Во првиот меч во детската лига се сретнаа екипите на ФК Вардар (1) генер. “2005“ и Њу Старс (1) во овој дуел црвено-црните момчиња однесоа убедлива победа од 12-1.

Уште од првата минута тргнавме во целосна офанзива, првата прилика за нас ја имаше Давор Лефковски кој шутна крај голот. Истиот фудбалер две минути подоцна погоди во пречката од голот на Њу Старс. Отпорот на противниците го кршиме со ударот од над 20 метра на Тино Спасиќ кој даде ефектен гол. Ние сме во постојана офанзива две прилики за гол има и Дарко Сековски кои голманот на Њу Старс ги брани. На нашиот гол одличен денес е Илиевски. Нашите противници успеваат да изедначат на 1-1 што ќе се покаже подоцна како единствен нивни погодок на целиот меч. Кратко траеше нивната радост веќе по 60 секунди преку Дарко Сековски успеваме да дадеме гол за 2-1. Водството успеваме да го зголемиме и на 3-1 Давор Лефковски упати одличен удар голманот одби до Филип Јовановски, кој немилосрдно “егзекутираше“ за два гола предност.  До крајот на првиот дел за одбележување и пречката која ја погоди со одличен удар Никола Величковски.

Вториот дел почна исто како и првиот со наша офанзива преку Никола Величковски пропуштаме прилика во 3 минута. Сепак среќата му се насмеа на  Величковски кој во  5 минута од вториот дел постигнува погодок. Веќе во следната акција наша во полето на Њу Старс повторно погодуваме преку Лука Јакимовски кој со одличен удар постигнува статива-гол за 5-1. Треба да се потенцира одличната игра и на играчот од одбраната Матеј Николовски кој одлично си ги врши своите задачи и дава одлични топки во офанзива. Голеадата во вториот дел ја продолжува Никола Величковски погодува за 6-1.  Во продолжение Филип Јовановски се обидува да постигне гол но пречката не е негов сојузник. Веќе во следната акција  Филип Јовановски е стрелец на убав гол , топката по неговиот одличен удар од пречката се забива во мрежата, а веќе во следната акција истиот фудбалер погодува повторно за високи 8-1, исто така и голот за 9-1 е дело на Јовановски. Целосно доминираме и го бараме десетиот гол на овој дуел, Дарко Сековски одлично асистираше до Давор Лефковски кој стрелаше за 10-1. Повторно Тино Спасиќ шутира од далеку јако тој со бомба удар од голема дистанца погодува за 11-1, до крајот погодивме уште еднаш последен кој ја “полнеше“ мрежата на Њу Старс беше Лука Јакимовски.

ПРОСЛАВАТА  НА ФК ВАРДАР (2) ПО ГОЛОТ ЗА 4-3!

ПРОСЛАВАТА НА ФК ВАРДАР (2) ПО ГОЛОТ ЗА 4-3!

Во следниот натпревар се сретнаа екипите на ФК Вардар (2) генер. “2005“ – Њу Старс (2) , овој многу интересен меч заврши реми со резулат 4-4, на одмор се отиде со негатива за нашиот тим од 2-3.

Овој меч лошо почна за црвено-црните момци тие по само пет воведни минути од првиот дел двапати ја вадеа топката од нашата мрежа, Њу Старс успева да поведе со 0-2 доста рано. По водството во игра не одржува Марко Бреслиевски со две одлични интервенции. Ние по почетната криза веднаш се разбудивме и се вративме во игра нападнавме да дојдеме до поволен резулат. Од десно одлично поведе топка Филип Радевски истата ја испрати до Стефан Наумовски кој го намали водството на противникот на 1-2. Баравме изедначување напаѓавме постојано во продолжение, поради три корни кој ги направија нашите противници добивме пенал кој го изведе Кристијан Таневски, тој одлично шутна, но голманот успеа да одбрани, топката се врати кај него и тој погоди за реми 2-2. Сепак нашите противници не се предаваат лесно и успеаа со еден среќен гол да го вратат водството, тие поведоа со 2-3. До крајот имавме шанса и преку Бојан Јаневски кој се обиде од слободен удар, топката заврши над гредата.

Во второто полувреме веднаш тргнавме во атак за изедначување на резулатот. Тоа дојде во 4 минута преку Горјан Цветков тој постигна одличен гол за 3-3, истиот играч се покажа како “џокер“ во вториот дел и со одличен дрблинг на 15 метра исфрли еден противнички играч, шутна силно крај десниот директ и постигна гол за пресврт 4-3. Имавме шанси и да го зголемиме водството преку Филип Крстиќ кој шутна во горниот десен агол, а голманот на Њу Старс исфрли во корнер.  За жал и ако бевме подобри по водството заради пенал по три корни нашиот противник доби пенал, истиот го реализираше за 4-4. До крајот имавме шанса преку Дамјан Конески кој шутна од дистанца , но топката заврши крај голот.

kraj