Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и пораз за ФК Вардар генер.2007, Стефан Младеновски брилијантен

Победа и пораз за ФК Вардар генер.2007, Стефан Младеновски брилијантен

13152800_1598014117176306_242853186_n

Денес на терените на фудбалскиот клуб Работнички две кола односно четири дуела одиграа   екипата на ФК Вардар генерација 2007. Во двата утрински дуели ФК Вардар генер.2007 однесе победа во дербито со Форца и беше поразен од Куманово минимално со 1-0. За овие два утрински дуели благовремено ве известивме поопширно за нив може да прочитате- тука.

Во двата попладневни дуели двојките беа следни: тимот на  ФК Вардар (1) генерерација “2007“  се сретна со тимот на  Кул, а ФК Вардар (2) генер. “2007“  одигра меч со екипата на Форца. Со тимот на Кул однесовме победа со резулат од 4-1. Овој дуел целосно ни припадна имавме контрола на топката и постојано бевме во водство. така првото полувреме го завршивме со резулат 2-1 во наша корист. Стрелец на сите четири гола беше Стефан Младеновски кој денес одигра одлично.  Во вториот меч ФК Вардар (2) беше поразен од ФК Форца со 1-5. Интересно и овде единствениот гол го постигна Стефан Младеновски. Денеска тој одигра брилијантен ден заедно со едниот гол на утринските мечеви и петте на попладневните е дефинитивно играч на денот кај оваа генерација.