Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар: На денешен ден во 1995, „црвено-црната“ казнена експедиција на Хаџиевски ја освои втората двојна круна

ФК Вардар: На денешен ден во 1995, „црвено-црната“ казнена експедиција на Хаџиевски ја освои втората двојна круна

dm

ФК Вардар на официјалната сраница на клубот го објави следното по повод денешниот ден, 26.мај:

На денешен ден во 1995 година, „црвено-црната“ казнена експедиција на Ѓоко Хаџиевски ја освои втората двојна круна во Македонија, победувајќи го Силекс во големото финале на Купот, со двата гола на Горан Петрески.

dm2

Во финалето вардарци настапија во следниот состав: Мирко Спасески (капитен), Петар Милошевски, Горан Петрески, Зоран Јованоски, Сашо Милошевски, Саша Ќириќ, Жанко Савов, Кире Грозданов, Жарко Серафимовски, Игор Саша Николовски и Светозар Станковски.