Како што известуваат од Кошаркарскиот клуб Вардар, поточно од женскиот тим наскоро ќе започнат активности. Поради светската пандемија со Корона вирусот од март салата “Кале“ и сите тренинзи беа “под мраз.
Конечно доаѓа до значајно олабаување на мерките па се подготовуваат за нови активности. Тие најавуваат индивидуален кошаркарски камп за кошаркарки над 14 години. Тренери на истите ќе бидат, првиот тренер на тимот Жаклина Стојановска, легендарната кошаркарка во нашите редови и тренер во младите категории Славица Наков, стручната тројка ја сочинува и Симона Деловска. Капитенот на ЖКК Вардар и девојка која со успех ги пренесува кошаркарските знаења на помладите.