На денешен ден пред точно една година, се одигра завршниот турнир во детската лига, кој е во организација на ФФМ.
Три генерации на фудбалскиот клуб Вардар успеаа да го освојат златниот медал и да се крунисаат во Шампиони на Македонија.
Генерацијата 2006 на ФК Вардар во едно неизвесен натпревар во големото финале, ја победи екипата на Албарса. Црвено-црните први го отворија резултатот, но противникот направи пресврт. Упорноста на вардарци даде резултат, за само пет минути со два гола на Алтин Алији направивме пресврт додека во последнати три минути од натпреварот, Андреј Данстак успеа да одбрани пенал. На крајот големо славје за момците на Филип Спасески, кои после неколку обиди успеаа да ја освојат детската лига.
Возбудливо финале гледаме и кај генерацијата 2007. Таму се сретнаа екипите на Вардар и Кул. Победникот беше решен дури после изведување на ударите од белата точка, во кои поуспешни беа момците на Драган Стефановски. Противникот прв успеа да го отвори резултатот на 0:1, но Вардар врати со голот на Емир Шаботиќ. Имавме можност и во регуларниот дел да го решиме победникот, но Младеновски не успеа да реализира пенал. Се пристапи на изведување на пенали, а јунак беше голманот на Вардар, Пишовски. После пет изведени удари резултатот беше 3:3. Во шесттата серија, најпрво шутира Кул, топката оди над нашиот гол, а Лука Атанасовски бие прецизно, што значеше крај на серијата и победа за Вардар, со вкупен резултат од 5:4.
Доминацијата во детската лига ја потврди и генерацијата 2008. Избраниците на Влатко Колев немаа никакви проблеми во големото финале, откако го победија тимот на Милано. Резултатот во финалето гласеше убедливи 5:0 за составот на Вардар. Бранковски постигна два гола, додека по еден беа дело на Азизи, Дамјаноски и Шотаровски.
Уште една година по ред, петлињата на ФК Вардар докажаа дека се најдобрите во Македонија. За жал оваа година нема да имаме победници во детската лига, поради ситуацијата со корона вирусот.