ЕХФ го објави изборот на играчи кои ќе конкурираат за место во ОЛ-СТАР тимот од Лигата на Шампионите. Во изборот се најдоа вкупно 50 играчи од 18 различни екипи.
Од вардаровите играчи, место имаше само за еден ракометар, се работи за Тимур Дибиров. Негови конкуренти ќе бидат Уго Декад (Монпелје), Диого Бранкињо (Порто) Мануел Штрлек (Веспрем) Себастијан Бартолд (Алборг).
Дибиров оваа сезона во ЛШ, која е завршена за Вардар, ќе ја заврши како најдобар стрелец на црвено-црните со вкупно 69 постигнати голови.
Сите играчи кои ќе се борат за место во најдобриот тим, можете да ги погледнете на линкот, ТУКА.