Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: Се надевам дека ќе се вратат дел од повредените играчи, за да ротираме во составот
Јаневски: Се надевам дека ќе се вратат дел од повредените играчи, за да ротираме во составот

Јаневски: Се надевам дека ќе се вратат дел од повредените играчи, за да ротираме во составот

Вардар стигна до нова многу значајна победа во ПМФЛ. На арената Филип Втори минимално со 1:0 бевме подобри од екипата на Шкупи. Решавачкиот момент се случи во 57 минута кога Барсегјан ја затресе противничката мрежа за водство на Вардарци. Тренерот Јаневски за официјалната страна на клубот истакна дека ова е важна победа после европските настапи, по кои очигледен е заморот кај играчите.

-Јас и претходно реков дека европските натпревари нè чинат многу сила, многу енергија. Тоа се виде и на овој натпревар. Во прво полувреме 15-20 минути и во второ во првите минути бевме доминатни. Не искористивме неколку шанси да го отвориме порано резултатот. Како одминува крајот на натпреварот, заморот е очигледен кај играчите, а од нас нормално се бара победа на секој меч. Ова беа три добри и важни бодови за нас против противник кој што во последните шест меча нема пораз. Еден компактен тим, и можам да кажам дека и на овој меч доста енергија потрошивме за да дојдеме до победата. Ќе мора да ги освежиме играчите и тоа ќе го сториме, и се надевам дека дел од повредените играчи ќе се вратат и ќе имаме голем број на фудбалери за да може да ротираме без да го ослабиме нашиот тим на секој натпревар.