Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Србија подобра од Македонија, пет ракометарки на Вардар имаа забележителен настап во составот на двете селекции
Србија подобра од Македонија, пет ракометарки на Вардар имаа забележителен настап во составот на двете селекции

Србија подобра од Македонија, пет ракометарки на Вардар имаа забележителен настап во составот на двете селекции

Во еден неизвесен натпревар Србија го доби натпреварот против Македонија, во рамките на квалификациите за пласман на европското првенство кое следната година ќе се одигра во Франција. Мечот се одигра на Кале и заврши со триумф на ракометната репрезентација на Србија со резултат 23:27.

Во најголем дел од натпреварот гледавме неизвесен и рамноправен дуел. Во првите 15 минути од мечот се играше гол за гол и ниту една од девте селекции немаа поголема предност од еден гол разлика. Се играше цврсто на двете страни, а Србија беше репрезентацијата која за прв пат на натпреварот имаше предност од два гола (8:10). Вратија набрзина избраничките на Симе Симовски, кои донесоа ново израмнување од 10:10. Следеа минути кога двете екипи постигнаа по два гола, за Македонија да постигне два гола во серија и да има позитива од два гола (14:12). До крајот на првиот дел го одржувавме водството и на одмор заминавме со резултат 15:14.

Со гол го отворивме второто полувреме за да имаме предност од 16:14, но во следните пет минути и дозволивме на Србија да направи серија од 1:4 и да направи резултатски пресврт (17:18). Балгодарение на одбраните на голманот на Србија, Томашевиќ нејзината селекција одржуваше предност од три гола разлика. Избраничките на Симовски не помислуваа да се предадат и имаа ново враќање во мечот кога намалија на само еден гол негатива.  Сепак не зидржавме во последните десет минути да парираме, па србинките со серија од 0:4 отидоа на највисоки пет гола разлика, по што беше познато кој ќе ги освои бодовите на Кале. На крајот конечниот резултат е 27:33.

Што се однесува до ракометарките на Вардар, нив на овој меч ги имаше вкупно пет. три во составот на Македонија и две кај Србија. Кај Македонија најдобар стрелец беше Керамичиева која постигна 6 голови, додека крилата на Вардар, Ристовска и Саздовска додадоа 5 односно 1 погодок. Кај Србија, Лекиќ како и минатиот меч така и овој беше стрелец а 4 погодоци, додека Марија Петровиќ имаше 2 гола.