Денес Фудбалската федерација на земјава го одреди Димитар Мечкаровски за главен арбитар на средбата Вардар-Победа. Помошници на Мечкаровски ќе бидат Дејан Неделковски и Гоце Петрески.
Ова е прв натпревар за црвено-црните како домаќини во новата натпреварувачка сезона 2017/2018 во првата македонска фудбалска лига. На овој дуел Чеде Јаневски ќе дебитира во македонското првенство на клупата на црвено-црните и воопшто како тренер во македонската фудбалска елита.
Дуелот со екипата од градот Прилеп ќе се игра 20-ти август, недела со почеток во 17-00 часот. Натпреварот ќе се одигра на стадионот во скопската населба Ѓорче Петров.