Денес на теренот во Кадино, младинците на ФК Вардар одиграа контролка против ФК Тетекс
Оваа средба ја доби гостинот на резултатски план. Првиот дел заврши со почетните 0-0, немаше шанси за одбележување на двете страни. Вторите 45 минути донесоа дури пет погодоци. Најпрвин ние се заканивме преку Гаштаров чиј удар беше блокиран. Противникот потоа искористи неколку прилики и поведе со 0-4.
Во финишот заиграме поконкретно, на нашиот гол Леонид Илиевски имаше две добри одбрани, во напад погоди Крстевски Антонијо кој ги постави конечните 1-4
Вардар започна со овие 11: Никола Филевски, Зоран Фидановски, Лука Атанасовски, Драган Јанкоски, Влатко Кулуковски, Давор Лефковски, Филип Радевски, Матеј Гаштаров, Марко Николовски, Максим Бундалески, Виктор Стефановиќ.