Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Реми исход на градското младинско дерби помеѓу Вардар и Работнички
Реми исход  на градското младинско дерби помеѓу Вардар и Работнички

Реми исход на градското младинско дерби помеѓу Вардар и Работнички

Младинската екипа на  фудбалскиот клуб  Вардар денес на теренот на Академијата на ФК Вардар во Градски парк го одиграа 20 првенствено коло. Во истото ние бевме домаќини на екипата на ФК Работнички, двата тима во ова градско дерби одиграа реми и ги поделија бодовите, мечот заврши со резултат 1-1 (0-0).

ФК Вардар овој дуел го започна со следниот состав: Петковски, Џуклески, Антовски, Серафимов, Ѓорѓиески, Дишлиевски, Пешевски, Маркоски, Бериша, Велковски, Јахја.

Првиот дел помина во теренско надмудрување на двата тима, кои имаа прилики за погодок, но истите не успеаа да ги реализираат. Мрежите на нашиот Петковски Христијан и гостинскиот голман,  Хоџиќ Берк мируваа. Па по 45.минути фудбал на одмор се замина со почетните 0-0, во вториот дел преостануваше можност двата тима да погодат и да дојдат до бодови.

Во вториот вардарци  освежија на почетокот од клупата: во игра влезе  Тасев Марко на место на Марковски Дејан во 46.минута, а 6.минути потоа  Хасановиќ Малик го замени Оливер Дишлиевски со цел освежување на нашата офанзивна линија. Ние  напаѓавме со цел да го отвориме дуелот со погодок,  сепак за жал противникот искористи една прилика и прв го отвори резултатот на овој натпревар. Се играше 75.минута од дуелот кога Фазлију Љавдрим успеа да го совлада  Петковски Христијан и “романтичарите“ поведоа со 0-1 на овој младински меч. Во продолжение ние атакувавме на изедначување кое дојде на 7.минути до крајот на дуелот. Серафимов Никола беше најумешен пред противничкиот гол успеа да ја врати резултатската симетрија, тој погоди за изедначување 1-1. До крајот остана малку време за двата тима да постигнат гол, токму со овој резултат се оконча натпреварот.